Врз основа на член 197 став 2, член 211 и 212 став 3, став 13 од Законот за социјална заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 104/19, 146/19,275/19 ) и член 7 и 8 од Колективен договор (Службен весник на Република Северна Македонија бр.249/19 ), Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС (01/2020)
за вработување на два (2) извршители на неопределено време во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, објавува оглас за вработување на два (2) извршители на неопределено време на следниве позиции:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работното место во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Правилникот за систематизација на работното место во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово:
За дипломиран психолог за ниво А5 потребно е кандидатот да има стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Психологија) без или со најмалку една година работно искуство.
За дипломиран социјален работник за ниво А5 потребно е кандидатот да има стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Социјална работа и социјална политика) без или со најмалку една година работно искуство.
Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Општи работни компетенции на средно ниво:
Пријавата и доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар треба да се достават во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово.
Кандидатите за овие работни места, потребно е да ги достават следните документи:
Распоред на работно време: работни часови во неделата- 40, работно време од понеделник до петок со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 8 :30 часот и завршеток на истото помеѓу 15 :30 и 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува 24.877, 00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонци (2).
Со избраниот кандидат кој за прв пат се вработува во Јавна установа за социјална заштита како давател на јавни услуги пробната работа ќе трае (4) четири месеци, по што избраниот кандидат ќе треба да се стекне со Лиценца за работа во установата за социјална заштита.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата може да се подигне во архива и со потребната документација треба да се достави до архивата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, или по пошта на следната адреса: ул.Тодор Велков бр.4, Куманово со назнака за Јавен оглас за вработување.
Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат.
Директор
Александра Арсовска