Врз основа на член 197 став 2, член 211 и 212 став 3 од Законот за социјална заштита (Службен весник на Република Северна Македонија бр.104/19, 146/19), Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС (02/2019)
за вработување на два извршители на неопределено време во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, објавува оглас за вработување на два извршители на неопределено време на следната позиција:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово:
Секој кандидат треба да ги исполнува следните посебни услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово:
За дипломиран социјален работник за ниво А5 потребно е кандидатот да има стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Социјална работа и социјална политика ) без или со најмалку една година работно искуство .
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар.
Кандидатите за оваа позиција, потребно е да ги достават следните документи:
Распоред на работно време: работни часови во неделата- 40, работно време од понеделник до петок со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 8 :30 часот и завршеток на истото помеѓу 15 :30 и 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нетоплата изнесува 24.877,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработување согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Македонец –ка ( 2 ).
Со избраните кандидати кои за прв пат се вработуваат во Јавна установа за социјална заштита како даватели на јавни услуги пробната работа ќе трае (4) четири месеци, по што избраните кандидати ќе треба да се стекнат со Лиценца за работа во установата за социјална заштита.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, или по пошта на следната адреса: ул.Тодор Велков бр.4, Куманово со назнака за Јавен оглас за вработување.
Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат.
Директор
Александра Арсовска